Свет 15. април 2020. / 11:15

Гувернерот на Рио де Жанеиро позитивен на Ковид-19

Гувернерот на Рио де Жанеиро позитивен на Ковид-19

Гувернерот на бразилската држава Рио де Жанеиро, 52-годишниот Вилсон Вицел, соопшти дека  е позитивен на корона вирус.

Вицел, кој е еден од најистакнатите противници на мерките за ублажување на пандемијата на Ковид-19 во Бразил, на Твитер соопшти дека почнал да ги чуствува симптомите на болеста во петокот.

Денеска се покажа дека резултатот од тестот е позитивен. Сега се чувствувам добро и ќе продолжам да работам слушајќи ги советите на лекарите – напиша Вицел на Твитер.

Во Рио де Жанеиро, каде има околу 16 милиони население, има регистрирани 224 заболени од коорна вирус. Во Бразил, како една од најтешко погодените јужноамерикански држави од Ковид-19, досега се регистрирани 1.300 смртни случаи.