Гувернерот на Централната банка на Латвија и член на Управниот одбор на Европската централна банка, Илмар Римшевич , се товари за барање и примање мито.
Според канцеларијата на латвискиот јавен обвинител , по четиримесечната истрага било утврдено дека Римшевич примил мито од најмалку 100 000 евра. Тој ги негира ваквите наводи на обвинителството.
,,Обвинителот донесе одлука за да поведе кривична постапка против гувернерот на Банката на Латвија” соопшти обвинителството.
Главниот орган во државата за борба против корупцијата од февруари го истражуваше овој случај и предметот минатата недела му го предаде на обвинителството. Римшевич на функцијата гувернер бил од 2001 година .
Властите на Латвија , по ваквото обвинение , му изрекоа забрана за да ја извршува дејноста на чело на централната банка , а не може да учествува ниту во работата на Европската централна банка.
Доколку се докаже дека барал и земал мито , на памшевиќ му се закануваат 11 години затвор.