Свет 26. октомври 2019. / 11:36

Гутиереш: Време е за завршување на осумгодишната војна во Сирија

Гутиереш: Време е за завршување на осумгодишната војна во Сирија
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш оцени дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.
Пред новинарите во Њујорк Гутиереш изјави дека политичкиот процес во моментов е позначаен од кога било претходно.
Гутиереш додаде дека ОН сега се целосно уверени дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и негов прв чекор ќе биде изнаоѓањето политичко решение.
– Се надеваме дека тоа ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија – изјави Гутиереш.
Турција почна офанзива на североистокот на Сирија против сириските Курди, кои ги смета за терористи, а кои се главни сојузници на САД во борбата со Исламска држава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече американските војници од таа зона.