Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази загриженост за состојбата во Венецуела во врска со изборот на претседател на Националното собрание.
– Генералниот секретар на ОН ги повикува сите актери да преземат итни чекори за намалување на тензиите и да работат кон изнаоѓање мирно и одржливо решение на политичката криза – изјави портпаролот на генералниот секретар.
Социјалистите на претседателот Николас Мадуро вчера го избраа Луис Пара за претседател на Конгресот, откако војската го спречи лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да влезе во Парламентот, по што опозицијата одржа седница пред зградата и го реизбра на функцијата.