Свет 27. декември 2019. / 11:25

Гутереш загрижен поради американското одолговлекување при издавањето визи за руски службеници во ОН

Гутереш загрижен поради американското одолговлекување при издавањето визи за руски службеници во ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќепати изразил загриженост до Вашингтон подари одолговлекувањето при издавањето визи за руски и службеници од други држави кои доаѓаат во седиштето на Светската организација во Њујорк, откако Москва го обвини Гутереш дека го игнорира проблемот.

Москва соопшти дека Вашингтон намерно го одложува издавањето визи за руските службеници, што би можело дополнително да ги отежне веќе затегнатите односи меѓу двете држави.

– Со месеци, генералниот секретар и Правниот совет на ОН изразуваа загриженост до високи функционери на земјата домаќин на ОН – изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Во најновиот извештај на Комитетот на ОН за односи со САД, земјата домаќин на Светската организација, се наведува дека и други земји, како Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија и Куба, се жалат проблеми од страна на американските власти при издавање визи за нивните службеници.