Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истакна дека вакцината против корона вирусот, тогаш кога ќе биде пронајдена, мора да биде „глобално јавно добро“ достапно до сите.
Гутереш на Твитер објави пост во кој истакна дека за развојот на вакцината против Ковид-19 е потребна глобална соработка и дека вакцината, еднаш кога ќе биде направена, мора да им биде достапна на сите луѓе во сите краишта на светот.
Таа мора да претставува глобално јавно добро – напиша генералниот секретар на светската организација.
We need a global coalition to develop a #COVID19 vaccine, which must become available and affordable for everyone, everywhere.
It must be considered a global public good.
— António Guterres (@antonioguterres) April 17, 2020