Свет 31. декември 2019. / 10:35

Гутереш со новогодишна порака до младите: Вие сте најголемата сила, бидете гласни и поместувајте ги границите

Гутереш со новогодишна порака до младите: Вие сте најголемата сила, бидете гласни и поместувајте ги границите

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во својата новогодишна честитка истакна дека светот во 2020 година влегува со нови судири и несигурност, осoбeно по прашањето за борбата против  климатските промени, кршењето на човековите права и нееднаквоста и омразата меѓу луѓето.

Гутереш истакна дека најголемата сила во решавањето на глобалните проблеми се младите.

– Климатските промени се реална опасност. Не можеме да седиме со скрстени раце додека планетата гори. Но има надеж, и мојата новогодишна порака е упатена кон најголемиот извор на таа надеж – кон младите ширум светот – наведе Гутереш.

Според него, во решавањето на проблемите на климата, нееднаквоста меѓу половите, социјалните разлики, во борбата за правда и човекови права младите се на првата линија на фронтот.

– Јас сум со вас. Бидете гласни! Поместувајте ги границите. Имајте барања! Вашата одлучност инспирира. Ви посакувам мир и среќа во 2020 година – порача Гутереш.