Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да се спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот регион.
Да не губиме надеж дека дијалогот ќе продолжи и да не штедиме напори за решавање на овој конфликт, рече рускиот претседател Вадимир Путин на средбата со турскиот колега Ердоган на средбата на маргините на состанокот во Берлин.
Тој додаде дека Русија и Турција презедоа добар чекор кога повикаа на прекин на огнот во Либија, со што беа создадени предуслови за одржување на конференцијата во Берлин.