Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина и да ги запре конфликтите за да може да се фокусира на пандемијата Ковид-19.
– Ние мора да сториме се за да избегнеме нова Студена војна. Ние се движиме во многу опасна насока. Нашиот свет не може да си дозволи иднина каде што двете најголеми економии го поделија светот во голема фрактура – секоја со свои трговски и финансиски правила и капацитети на интернет и вештачка интелигенција, нагласи Гутереш во обраќањето на речиси целосно виртуелно Генерално собрание на ОН, без да ги спомене САД и Кина.
Во последните неколку месеци се зголемија тензиите меѓу САД и Кина, а претседателот Доналд Трамп го обвини Пекинг за пандемијата Ковид-19, која однесе околу 950.000 животи низ целиот свет.
Гутереш е со став за ставање крај на сите насилни конфликти и светот да се фокусира на запирање на пандимијата. Тој посочи на некои делумни успеси, вклучувајќи прекин на огнот прогласен во Камерун, Колумбија и Камерун.
Тој се залага за прекин на огнот во конфликтните зони до крајот на годината.