Во писмен извештај поднесен до Советот за безбедност, Гутереш предупреди дека ситуацијата е на работ на војна и ги осуди сите страни кои придонесоа за крвопролевањето на стотина луѓе.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика Израел и Хамас во Газа да го продолжат прекинот на огнот со кој во 2014 година беше ставен крај на војната меѓу нив.
Во писмен извештај поднесен до Советот за безбедност, Гутереш предупреди дека ситуацијата е на работ на војна и ги осуди сите страни кои придонесоа за крвопролевањето на стотина луѓе.
Палестинците во Газа протестираат против израелската блокада врз енклавата која трае повеќе од 10 години и бараат да се вратат во своите родни места од каде што избегаа или беа протерани при создавањето на Израел во 1948 година.