Свет 17. август 2018. / 11:55

Гуденус: Време е во Австрија да се донесе закон против политичкиот ислам

Гуденус: Време е во Австрија да се донесе закон против политичкиот ислам

Слободарската партија на Австрија најавува закон за борба против политичкиот ислам.

Шефот на пратеничкиот клуб на оваа партија, Јохан Гуденус изјави дека со тој закон ќе се затворат сите „дупки“.

За деталите Гуденус не сакал да зборува, но порачал дека е време да се направи закон кој јасно ќе дејствува против политичкиот ислам.

Притоа, изјавил, дека не се работи за забрана за финансирање на имамите од странство, што е уредено со законот за ислам, туку пред се, за борбата против политичкиот ислам како облик на политика, мразење, нетолеранција и злоупотреба на верата.

Гуденус истакнал дека таа борба се наоѓа и во договорот за коалиција, на што оваа партија ќе инсистира.

„Оној кој што Шеријатот ќе го стави над законот и ќе сака демократијата во Австрија да ја замени со ‘божја држава’ ќе биде казнет“, порача министерот за внатрешни работи Херберт Кикл.