Свет 17. јуни 2020. / 22:30

Група од 16 пријателки се заразиле со Ковид-19 на забава во ноќен клуб на Флорида

Група од 16 пријателки се заразиле со Ковид-19 на забава во ноќен клуб на Флорида

Група од 16 пријателки, кои ја минале ноќта во бар на Флорида, биле позитивни на тестот на корона вирус.

Тие ја предупредуваат американската јавност да биде внимателна и велат дека пандемијата се уште не е завршена, пренесува „Си Ен Ен“.

Три од нив, за телевизијата изјавиле дека се собрале за да го прослават роденденот на една од нив.

Ноќниот клуб, што повторно се отвори откако беа олеснети рестриктивните мерки, бил преполн со гости и никој од нив не носел маски.