Климатската активистка Грета Тунберг изјави дека поднела пријава за заштита на своето име и „меѓународниот училишен штрајк“ кој таа го инспирираше со цел заштита на движењето од злоупотреба во комерцијални цели.
Во постот на својот „Инстаграм“ профил, 17-годишната активистка пишува дека таа и нејзините колеги активисти немаат апсолутно никаков интерес во врска со заштитниот знак, но дека за жал тоа е нешто што треба да се направи, пренесе АП.
Тунберг смета дека пријавата го „покрива“ нејзиното име, името на движењето „Петок за иднина“ и „Училишниот штрајк за клима“, што беше слоган кој таа го држеше на протестот пред сшедскиот парламент, кој инспирираше сични акции.
Младата активистка рече дека заштитата на нејзиното име и движење се потребни затоа што тие постојано се користат во комерцијални цели без никаква согласност.
Таа исто така рече дека таа и нејзиното семејство, формираат непрофитна фондација која транспарентно ќе управува со пари од работи како авторски права, донации и награди.
Целта на фондацијата ќе биде промовирање на животната средина, климата и социјалната одржливост, како и менталното здравје, напиша таа.