Свет 30. март 2020. / 11:34

Гренланд забрани продажба на алкохолот поради зголемено насилство врз децата за време на карантин

Гренланд забрани продажба на алкохолот поради зголемено насилство врз децата за време на карантин

Гренланд го забрани конзумирањето алкохол во главниот град Нуук и во блиските населби, во обид да го намали насилството врз децата во време кога луѓето мора да останат во своите домови за да се запре ширењето на корона вирусот.

Под влијание на алкохолот луѓето се и невнимателни, што придонесува за ширењето на коронавирусот – појасни премиерот Ким Киелсен.

Забранета е сета продажба на алкохолни пијалоци во Нуук и две населби во негова близина, а одлуката ќе има важност до 15 април.

Појаснувајќи го овој потег, премиерот Киелсен изјави дека кризата околу ширењето на корона вирусот бара најразлични мерки.

Но, во суштината на мојата одлука е заштитата на децата. Тие мораат да имаат сигурен дом – изјави Киелсен.

Гренланд бележи висока стапка на сексуално насилство врз малолетниците, а некои истражувања покажуваат дека една третина од денешните возрасни лица на островот имале такво искуство во детеството.

Многумина го поврзуваат сексуалното насилство врз децата и со алкохолот и дрогата.

Гренланд е автономна територија на Данска и е најголем остров на светот. Во него живеат околу 55.000 лица, а третина од нив се во главниот град Нуук.