Свет 18. јули 2018. / 12:34

Грција со дипломатски притисок за ослободување на уапсение војници во Турција

Грција со дипломатски притисок за ослободување на уапсение војници во Турција

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос, изјави дека владата ќе продолжи да ги користи сите средства за политички притисок, како и сите дипломатски и правни можности за ослободување на двајцата грчки војници кои беа приведени во Турција во март.

Вчера турскиот суд донесе одлука двацата грчки војници кои беа уапсени во март, по преминувањето на границата, да останат во притвор. Атина тврди дека војниците преминале на турската територија случајно, како последица на дезориентација поради лошите временски услови, но Анкара, сепак, нареди апсење за илегален влез во земјата, под сомнеж за шпионажа.

Одуката на судот следеше неколку дена откако грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се состана со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, во Брисел на маргините на Самитот на НАТО. Двајцата во рамки на средбата се согласија да се фокусираат на напорите за намалување на тензиите во Егејското Море.