Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави во 2020 година, потврди демократската партија.
Тој изрази очекување дека неговата порака за борба против финансиската нееднаквост ќе наиде на поддршка од страна на американските граѓани, јави „АП“.
Новинската агенција наведе дека Де Бласио, помеѓу останатото, како успех може да го наведе зголемениот број на целодневни предучилишни установи ширум Њујорк.