Градоначалникот на градот Танауан на Филипините, Антонио Кандо Халили, е убиен за време на церемонија на подигнување на знамето, пред очите на голем број службеници и локални лидери. Настанот се случувал на паркинг пред градското собрание, додека Халили ја пеел националната химна.
Халили е познат по тоа што лицата осомничени за продавање на дрога ги присилуваше да шетаат низ улиците во градот. Меѓутоа, и тој самиот е обвинет во неколку наврати за врски со дрогата.
Официјалните лица велат дека напаѓачот побегнал од местото на настанот.