Кандидатот за градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин, освои 74 отсто од гласовите од жителите на Москва кои вчера излегоа на гласачките места.
По пребројувањето на 56,3 отсто од гласачките ливчиња, Собјанин освои 69,54 отсто од гласовите.
Неговиот најблизок ривал, Вадим Кумин од Комунистичката партија на Русија, освои 11,65 отсто од гласовите.
Владимир Путин му честиташе на актуелниот градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин, за победата на изборите за градоначалник во рускиот главен град, соопшти прес-службата на претседателот.