Затворот во американсиот град Атланта веќе нема да прима мигранти кои се уапсени од федералните власти, изјави градоначалничката Кејша Ланс Ботомс. Таа потпиша извршна наредба за затворот во Атланта со која се забранува прифаќање уапсени од страна на царинските и имиграциски служби на САД.
Градоначалничката објасни дека тоа е најдобар начин да се демонстрира противење на администрацијата на тој град за сегашната „нехумана“ национална имиграциска политика. – Додека не се промени имиграциската политика, одбивањето затворање федерални затвореници е единствен начин во Атланта да се живее во согласност со традицијата на сочувство и толеранција, објасни Ботомс.