Помеѓу 2011 и 2017 година, полицијата во земјите на ЕУ забележа пад на грабежи од 24 проценти, од 522.000 на 396,000, соодветно, според Евростат.
Евростат потсетува дека меѓу 2008 и 2011 година, овој пад беше само четири проценти.
Во 2017 година најголем број кражби на територијата на Европската унија на 100.000 жители е регистриран во Белгија – 167. Потоа во Франција каде се пријавени 150. Велс, 132 грабежи и Португалија каде што имаше официјално 115 грабежи пред две години.
Најмал број кражби во земјите на ЕУ, во однос на 100.000 жители, ималo во Романија во 2017 година (16), а потоа следат Естонија и Чешката Република каде се пријавени 15 кражби. Словачка и Унгарија се фалат – девет пријавени кражби на 100,000 жители.