Свет 26. март 2019. / 10:17

Гори појасот Газа: Жестоки судири во текот на ноќта

Гори појасот Газа: Жестоки судири во текот на ноќта

Палестинските екстремисти од појасот Газа во текот на ноќта повторно испукале ракети на цели на југот на Израел, а оваа држава одговорила со воздушни напади на територија под контрола на Хамас, иако Палестинците соопштиле дека со помош на Египет било постигнато примирје.

Сирените за напад продолжиле да се слушаат во израелските градови во близина на границата, а војската распоредила дополнителни трупи и тенкови на границата и соопштила дека како одговор на ракетните напади нападнале комплекс и станица на Хамас.

Немало непосредни извештаи за жртви.