Свет 07. јануари 2021. / 17:28

Горбачов: Нападот врз Капитол бил подготвен и јасно е кој стои зад тоа

Горбачов: Нападот врз Капитол бил подготвен и јасно е кој стои зад тоа

Синоќешните немири во Вашингтон ја доведоа во прашање понатамошната судбина на САД како држава, смета поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

Горбачов смета дека нападот врз Капитол очигледно бил подготвен порано и јасно е кој го сторил тоа.

– Сепак, немирите не се најважни. Нивната задача е јасна но има и нешто во позадина . Не е сè толку едноставно. Ова ќе потрае некое време и ќе видиме зошто е направено, рече Горбачов.

Горбачов е сигурен дека во светот ќе се случат промени во насока на намалување на напнатоста и дека трката со вооружување постепено ќе престане, бидејќи луѓето од новата генерација ја разбираат нејзината фаталност.

– Кога го потпишав Договорот за разоружување во мое време, тоа време не беше лесно: тие беа силни противници, но успеавме затоа што сакавме мир. Луѓето кои не сакаат војна ќе се обединат и нивното раководство ќе мора да најде излез. Тие ќе најдат излез и нови форми на договор, земајќи ги предвид новите видови на оружје. Не смееме да ја изгубиме надежта, нагласи Горбачов.