Свет 22. јуни 2018. / 15:22

Големо невреме во Полска: Загина градоначалник – 10 лица повредени

Големо невреме во Полска: Загина градоначалник – 10 лица повредени

Заменик градоначалник на град во Полска загинал, а 10 се повредени во силна бура која ја погоди земјата.

Роберт Маковски, заменик градоначалник на Волмина, загинал кога огромно дрво паднало врз неговиот автомобил.

АП соопштува дека се оштетени преку 300 објекти и дека пожарникарите морале да интервенираат над 4000 пати.

Утрово 74.000 домаќинства се без струја.

Силно невреме ја зафати и Австриската покраинаШејерск во која исто така се повредени неколку лица.

Силниот ветар кршел гранки од дрвата и нанел големи штети.