Свет 06. јуни 2018. / 15:58

Големо невреме на Кипар

Големо невреме на Кипар

Голема бура во понеделникот го погоди планинскиот ланец Тродос на островот Кипар, а снимките објавени на социјалните мрежи изгледаат неверојатно за овој период од годината.

Град со големина на орев за само неколку минути направил слој од мраз на патиштата од седум сантиметри, а истовремено температурата од 20 Целзиусови степени, во рок од само неколку минути паднала на само 5 Целзиусови степени.