Свет 25. септември 2018. / 12:24

Голема тревога на аеродромот во Берлин

Голема тревога на аеродромот во Берлин

Германската полиција по апсењето на сомнителен маж соопшти дека нема опасност за луѓето на берлинскиот аеродром „Шенефелд“.

– Во овој момент нема опасност по луѓето на аеродромот „Шенефелд“, објави полицијата на Твитер.

Елекот што го носеше приведениот е испратен на испитување.

Но, се уште не е познат идентитетот на приведениот маж.

Полицијата беше алармирана откако на паркингот на аеродромот „Шенефелд“ беше забележан маж со голем багаж, облечен во елек од кој висат жици.