Свет 03. септември 2018. / 21:02

Голема експлозија во фабрика за муниција – најмалку осум мртви

Голема експлозија во фабрика за муниција – најмалку осум мртви

Најмалку осум лица загинаа во експлозија која се случила во едно од складиштата на фабрика за муниција во близина на Кејптаун, соопшти службата за пожари и спасување.

-Причината засега не е позната. Моментално на местото на насераќата се наоѓаат 15 пожарникари и три пожарникарски возила, изјави портпаротлот на службата Тео Лејн.

Локалните медиуми пренесуваат дека големиот чад може да се види на оддалеченост од неколку километри.

Фабриката за муниција Рајнметал Денел Мунишн е спцијализирана за развој, дизајнирање и производство на муниција од среден и долг домен.