Свет 16. ноември 2018. / 15:48

Годишната инфлација во ЕУ пораснала во октомври

Годишната инфлација во ЕУ пораснала во октомври

Малопродажните цени во ЕУ бележат годишен пораст од 2,2% во Октомври, објави европското биро за статистика. Според „Еуростат“ годишната инфлација во земјите-членки пораснала за 0,1% во споредба со претходниот месец, кога пораснала 2,1%.

Официјалните податоци покажуваат дека годишната инфлација во ЕУ минатата година изнесувала 1,7.

-Најниски стапки на инфлација се забележани во Данска (0,7%), Португалија (0,8%) и Ирска (1,1%)- велат од „Еуростат“.

Бирото за статистика вели дека највисоките годишни стапки се забележани во Естонија (4,5%) и Романија (4,2%). Минатиот месец, стапката на инфлација пораснала во 14 земји-членки, а опаднала во осум, споредбено со септември.

Во последните десет години, највисока стапка на инфлација во ЕУ е забележана во јули 2008 (4,4%), додека пак најниска во јануари 2015 (-0,5%) кога всушност цените опаѓаа.