Минатата година била најтопла година во Алјаска во историјата, се наведува во владиниот извештај за американската клима изготвен од Националната агенција за океани и атмосфера.
Просечната температура на Алјаска била 0,1 степени Целзиусови, што е за 14 степени над долгорочниот просек.
Просечните температури во Алјаска се зголемуваат постојани во последните години, а рекордна топлина е забележаба во четири од последните шест години.
Во Енкориџ, најголемиот град на Алјаска, температурата во јули првпат достигнала 32,2 степени Целзиусови.
САД во изминатата деценија регистрираа временски непогоди и климатски катастрофи, што предизвикаа штета од 119 милијарди американски долари. Тоа е двојно поголема од штетата од 59 милијарди регистрирана во претходната деценија, се вели во тој извештај.