Пет лица загинаа кога хеликоптер, во кои се наоѓаа планинари, се сруши за време на принудно слетување во Таџикистан.
Портпаролката на службата за вонредни состојби изјавила дека загинаа тројца руски планинари и двајца членови на екипажот од Таџикистан, пренесе новинската агенција АП.
Преостанатите 12 планинари и еден член на екипажот се евакуирани.
Несреќата се случила во неделата, кога, поради лошите временски услови, хеликоптерот „Ми-8“ се обидел принудно да слета во област на планинскиот венец на Памир.
Во хеликоптерот се наоѓале 13 Руси, еден државјанин на Белорусија и еден Шпанец.
Тие се враќале назад во кампот откако го освоиле врвот Исмаил Самани висок 7.495 метри.
Според информациите преживеаните се здобиле со повреди и укажана им е медицинска помош.