Глушец влегол низ дупка во задниот дел на банкоматот во североисточна Индија и изел пари во вредност од 18.000 долари, соопштила полицијата, пренесе АП.
Полицискиот надзорник во градот Тинсукиа, рекол дека кога техничарите стигнале на 11 јуни, за да го поправат банкоматот, во него пронашле мртов глушец и искинати банкноти.
Глушецот влегол низ дупката за кабли.
Вработените во банката истакнале дека по овој случај ќе спроведат истрага.