Свет 31. октомври 2019. / 14:16

Глобалното производство на вино годинава пониско за 10%

Глобалното производство на вино годинава пониско за 10%

Глобалното производство на вино годинава е помало за 10%, откако големите светски производители Франција, Италија и Шпанија беа најсилно погодени од неповолни метеоролошки услов, покажуваат резултатите на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), јави Ројтерс.

Според OIV, светското производство на вино во 2018 година изнесувало 294 милиони хектолитри, а годинава е сведено на околу 263 милиони хектолитри.  Наспроти падот од 10%, податоците за годинава се враќаат кон просечното ниво, по големото зголемување од минатата година.

Франција и Италија, двете држави најголеми производители во ЕУ, бележат пад на производството од околу 5%, додека производството на вино во Шпанија е намалено за цели 24 отсто. OIV забележува дека и во трите држави е падното под просечното ниво од последните пет години.

Тоа главно може да се објасни со променливите метеоролошки услови и посебно со многу студената и дождлива пролет, проследена со исклучително топло и суво лето, се посочува во анализата на Меѓународната организација за лозарство и винарство. Производството во рамките на 28-те земји членки на ЕУ, што претставува околу 60% од светското производство на вино, од ланските 267 е намалено на 156 хектолитри и притоа Франција, Италија и Шпанија даваат 80 проценти од производството.

Од друга страна, Организацијата забележува дека производството на вино во САД е намалено само за 1% во однос на претходната година. А, пад на производството е забележано и во јужната хемисфера, па така Аргентина и Чиле, двајцата најголеми производители на вино во Јужна Америка, бележат пад од 10, односно 7 отсто.