Свет 03. јуни 2020. / 20:30

Глобалниот патничкиот авиосообраќај во мај зголемен за 30 отсто

Глобалниот патничкиот авиосообраќај во мај зголемен за 30 отсто

Глобалниот патнички авиосообраќај се зголемил за 30 проценти во мај во однос на екстремно ниското ниво во април.

Како што објави Здружението на меѓународни авиопревозници (ИАТА), за ваквиот раст придонел фактот што авиокомпаниите ги намалиле цените на билетите во домашниот сообраќај во просек за 23 проценти, со цел да ги охрабрат луѓето да се вратат на авионски патувања.

Поради кризата, авиопревозниците имаат сериозна потреба од готовина и сакаат да ги охрабрат патниците да купат билети нудејќи ниска цена – изјави главниот економист на ИАТА Брајан Пирс за време на презентација преку Интернет.