Експлозијата предизвикана од лава на хавајскиот Голем остров исфрлила растопени карпи во океан, а една од нив паднала на брод со туристи и повредила 23 лица, соопштиле денес властите.
Тие се наоѓале во брод кој ги носел туристите да го гледаат излевањето на лавата во океанот од вулканот Килауеа, кој е активен последните 2 месеци, пренесува “AP”.
Во американскиот Геолошки институт рекле дека експлозија од различен интензитет доаѓа кога лавата чија температура е 1.093 степени влегува во студена морска вода, а дека некои од експлозиите може да бидат толку слаби и одвај да се гледаат.
Меѓутоа, кога условите се поразлични, посилни експлозии предизвикуваат топење на карпите и ги исфрлаат високо во воздухот. Лавата го пробила кровот на чамецот и на него оставила дупка. Една 20-годишна девојка е во тешка состојба и со скршеница на бутната коска е префрлена во болница, додека 22 туристи се здобиле со изгореници и помали повреди.
Сопственикот на туристичкиот брод рекол дека во животот не видел ништо слично.
Според неговите зборови, туристичката група околу 20 минути го гледала влевањето на лавата во океанот и додал дека го приближил чамецот до лавата бидејќи не видел ниедна сериозна експлозија.