Свет 15. октомври 2019. / 11:08

Главниот преговарач на ЕУ песимист дека ќе има договор за Брегзит

Главниот преговарач на ЕУ песимист дека ќе има договор за Брегзит

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние најави дека е се поизвесно дека до крајот на неделава нема да има договор со Велика Британија во договорот за Брегзит. Тој од состанокот со министрите за европски прашања во Луксембург истакна дека е крајно време добрите намери на Лондон да  бидат преточени во правен текст.

– Постигнување договор сè уште е можно, но секој договор треба да му одговара на секого – потенцира Барние.

Лондон и Брисел се обидуваат да постигнат договор до крајот на неделава, затоа што се поиблиску е крајниот рок за заминување на Велика Британија од Унијата, кој моментално е е поставен на 31 октомври.

– Ако Велика Британија замине без договор – тоа би било „катастрофа“ – порача од Луксембург германскиот државен министер за Европа, Мајкл Рот.

Министрите од сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија, се очекува да разговараат за шансите за постигнување договор или да се договорат за продолжување на рокот за Брегзит.

Целото внимание сега е свртено кон самитот на лидерите на ЕУ кој почнува во четврток.

Но, каков било договор што ќе го склучат Лондон и Брисел, до крајот на месецот ќе треба да помине во британскиот и во европските парламенти.

Друга потенцијална опција би била продолжување на рокот, иако британскиот премиер Борис Џонсон беше категоричен ќе се спротивстави на тоа.