Свет 01. април 2020. / 13:39

Ги миете рацете и лицето, но заборавате да измиете нешто многу важно

Ги миете рацете и лицето, но заборавате да измиете нешто многу важно

Ванг Хаинг, фармацевт од болницата на Медицинскиот универзитет во Пекинг, рекол дека носењето маски и миењето раце не се доволни за заштита од коронавирусот.

Познато е дека носот е „врата“ кон дишните птишта, во него нечистотијата може лесно да се задржи. Во носната шуплина, објаснил Хаинн, постојат влакненца и бројни набори во слузницата во која се собира нечистотија, микроорганизми и вируси. Затоа предлага внатрешноста од носот да се измива по враќањето дома.

Ако сте изложени на загадено опкружување, измивањето треба да се изврши веднаш, што излезете од тоа опкружување, а препорака е неколку пати дневно да се измива, објаснува тој.

За повеќето доволно е да се измива со зовриена вода, чија температура е близу телесната температура. Премногу студена или премногу топла вода може да ја надразни слузокожата.

Хаинг советува употреба на солена вода за пациентите со хроничен ринитис, како и за лицата со многу затнат нос. Таквата вода го намалува отекувањето на ткивото на носната шуплина и слузокожата.

При измивање на носот главата треба малку да се спушти за водата да не отиде во респираторниот тракт. Вовлечете вода во едната ноздрва, па силно издувајте. Така направете и со другата ноздра.

Целта е бактериите и вирусите да се исфрлат од носот, а не да се вовлечат во белите дробови. Бидете внимателни додека го правите ова.