Кинеската полиција уби маж кој со автомобилот влета меѓу пешаци и усмрти шест лица, јави кинеската државна телевизија.
Како што пренесе „Ројтерс“, мажот намерно влетал во групата луѓе во градот Заојанг, во провинцијата Хубеј, во централниот дел од земјата, но мотивот за нападот засега е непознат.
Најмалку седум лица се повредени, но нема детаљи за нивната состојба.
Пред нападот мажот ги избодел сопругата и ќерката, објави „Саут Чајна морнинг пост“, а подоцна е убиен од страна на полицијата.
Агенцијата потсетува дека во Кина е забележан раст на нападите со автомобил во последните неколку години.
Во септември минатата година, најмалку 11 лица беа убиени кога мажот влетал помеѓу пешаците на југот во Кина, одмаздувајќи се на општеството за тоа што бил осуден за кривични дела.