Откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вакцината може да се очекува кон крајот на 2020 година, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, истакна дека пронаоѓањето вакцина за корона вирусот може да потрае неколку години.
Многу би се радувал ако тоа се случи за неколку месеци, но мислам дека треба да бидеме реални. Процесот може да трае со години, бидејќи може да биде разочарувачки, како со другите вакцини. Развивањето вакцина е една од најтешките работи – изјави Шпан.
За разлика од Шпан, Трамп е многу пооптимистички за ова прашање и истакна дека вакцината ќе ја има до крајот на годината.