Свет 30. ноември 2018. / 19:40

Германскиот гигант Бајер најави отпуштање на 12 000 работници

Германскиот гигант Бајер најави отпуштање на 12 000 работници

Германската фармацевтска компанија Бајер најави отпуштање на 12 000 работници , порачувајќи дека се работи за корпоративно реструктуирање по преземањето на американската компанија Монсанто.

До крајот на 2021 , Бајер најави дека ќе отпушти 10% од вкупно 118 200 вработени низ велиот свет , од кои најмногу во Германија. Претседателот на управата на Бајер , Вербер Бауман, најави дека ќе ги спроведуваат мерките за отпуштање на чесен и одговорен начин.

Бајер кон средината на годинава го презеде американскиот хемиско – фармацевтски гигант за 63 милијарди долари, што е најголема аквизиција во историјата. Најмногу луѓе , 5 500 до 6 000 ќе бидат отпуштени од администрацијата , корпоративните функции , бизнис услугите и застапништвата.

Монсанто го презеде поголемиот дел од истражувачките делови , така што Бајер ќе отпушти 4 100 вработени во одделот за истражување, како и 1 100 во одделот за здравје на потрошувачите и 900 од одделот за истражување и развој.

Корпорацијата најави и дека излегува од работењето поврзано со здравје на животните , како и од работа на брендовите Копертон (креми за сончање) и Др.Шол (обувки).