Свет 26. ноември 2020. / 12:25

Германски вирусолог предупредува: Има опасност од нов вирус

Германски вирусолог предупредува: Има опасност од нов вирус

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија.

Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите“ вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот“ за следната пандемија.

Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот од наулата добил доволно внимание и дека за него се се прави и презема.

Затоа, објаснува тој, има намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус.

Инак вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го класифицираше меѓу „приоритетните болести“, на кои им се посветува големо внимание.