Свет 29. март 2020. / 18:44

Германски министер за финансии се самоуби – бил загрижен за економските последици од коронавирусот

Германски министер за финансии се самоуби – бил загрижен за економските последици од коронавирусот

Томас Шафер, министер за финансии на германската сојузна држава Хесе, изврши самоубиство, откако станал длабоко загрижен како да се справи со економскиот последици од коронавирусот, изјави во неделата премиерот на сојузната држава Волкер Буфиер.

Шафер беше пронајден мртов во близина на железничката пруга во саботата. Обвинителството на Визбаден верувт дека причината за смрта е самоубиство.

Ние сме во шок, и неверување и, пред сè, неизмерно тажни изјави Буфиер

Хесе е дом на германската финансиска престолнина Франкфурт, каде главни финасиски играчи како Дојче банка и Комерцбанк имаат свое седиште. Европската централна банка исто се наоѓа во Франкфурт.