Властите во Швајцарија и Италија трагаат по германскиот милијардер Карл Ериван Хауб, кој исчезна на Алпите во саботата.
Хауб, кој е наследник на империјата за малопродажба „Тенгелман“, не се вратил од скијачката екскурзија.
Портпаролката на компанијата „Тенгелман“ рече дека и понатаму нема вести за 58-годишниот Хауб.
Хауб, кој е роден во Вашингтон, и неговиот брат Кристијан ја водат компанијата од 2000 година.