Свет 18. ноември 2020. / 23:36

Германската министерка за одбрана: Европа не треба да создава „илузија“ дека може да се заштити без САД

Германската министерка за одбрана: Европа не треба да создава „илузија“ дека може да се заштити без САД

Европските напори за поголема „автономија“ нема да донесат ништо добро доколку се промовира идејата дека континентот може да се брани без САД и НАТО, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, пренесува Гласот на Америка.

Зборувајќи пред студентите на воен колеџ во Хамбург, Крамп-Каренбауер истакна дека САД продолжуваат да обезбедуваат најголем дел од одбраната на НАТО од балистички ракети, сателитски комуникации, извидувачки авиони и хеликоптери, додека околу 76.000 американски војници се стационирани во Европа. Замена на сè што ќе трае со „децении“, ќе бидат потребни многу поголеми буџети за одбрана отколку што сега можат да си дозволат европските земји, објасни таа.

-Германија и Европа не можат да се заштитат без американски нуклеарни и конвенционални можности. Ова се обични факти. Ние се уште зависиме од САД за безбедносната политика, а во исто време, како европејци, треба да сториме повеќе од она што го направија Американците досега. Идејата за европска стратешка автономија оди предалеку ако ја храни илузијата дека без НАТО и САД, можеме да гарантираме безбедност, стабилност и просперитет во Европа, предупреди таа.