Политичарите од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција предложија воведување на верски данок за муслиманските верници, сметајќи дека така полесно ќе овозможат независно финансирање на работата на џамиите во Германија.
Овие џамии засега се финансираат со пари од други држави.
–Нашата цел е ослободување на исламот во Германија од влијанието однадвор и појака ориентација на изворите во Германија. Воведувањето данок за муслиманските верници ќе биде првиот чекор во вистинската насока – изјавил Торстен Фреи во разговор за дневникот „Die Welt”.
Со него се согласуваат и помалите партнери од владата на Ангела Меркел, Социјалдемократската партија на Германија.
–Идејата муслиманските верски заедници во Германија да се одвојат од финансирањето однадвор е вредна за расправа – изјавил експертот на СДП- Буркхард Лишка за „Die Welt”.
Во Германија постојат два милиони луѓе кои редовно посетуваат џамии.