Свет 28. април 2020. / 21:00

Германија ги прифаќа маските како олеснување на ограничувањата

Германија ги прифаќа маските како олеснување на ограничувањата

Германија воведе задолжително носење маски во јавниот превоз и во повеќето продавници. Уредбата стапува на сила во сите 16 германски држави од оваа недела, но има многу отстапувања во зависност од регионот.

Правилата се најопуштени во Берлин, каде што се потребни маски само во јавниот превоз, но не и во продавниците. Нема казни за неисполнување на обврската

Баварија, од друга страна, се закани со казни од 150 евра за секој што ќе биде фатен како ги прекршува правилата, додека сопствениците на продавниците кои нема да го заштитат персоналот, можат да бидат казнети со парична казна од 5.000 евра.

Светската здравствена организација првично соопшти дека маските треба да ги носат само медицинските работници и негувателките, но малите квадрати на ткаенина сега се сметаат за клучни за постепеното повторно отворање на општествата бидејќи светот учи да живее со пандемијата.