Министерот за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на корона вирусот.
Лошо е за Советот за безбедност на ООН што сѐ уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема – изјави Мас.
Како што пренесуваат германските медиуми, Мас смета дека не е прифатливо Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.
Германија на еден месец ќе го преземе претседателството со Советот за безбедност на ООН на 1 јули.
Резолуцијата за корона вирусот досега изостана поради спорот меѓу САД и Кина, кој првенствено е за улогата на Светската здравствена организација во ширењето на пандемијата.