Свет 01. јануари 2019. / 17:43

Германец со автомобил газел Сиријци и Авганистанци

Германец со автомобил газел Сиријци и Авганистанци

Германец повреди најмалку четири лица во новогодишната ноќ кога со автомобилот влетувал во групи од мигранти. Истражителите сметаат дека станува збор за напад со цел поради ксенофобните ставови на возачот, соопшти полицијата.

Возачот бил уапсен по нападот во градот Ботроп во Северна Рајна Вестфалија. Според полицијата, најверојатно се работи за психички пореметена личност. Средовечниот човек се залетал на неколку минути по полноќ во минувач, кој успеал да се спаси. Потоа возачот се обидел во центарот на градот да прегази Сиријци и Авганистанци и во тој напад се повредени најмалку четири лица.