Командантот на Либиската народна армија, генералот Калифа Хафтар се подготвува за нова офанзива на Триполи, додека владините сили се подготвуваат за ново одвраќање на неговите сили.
Наводно била донесена одлука да пристигнат дополнителни сили кои ќе им помогнат на веќе постоечките сили на Хафтар кои се борат за заземање на Триполи. Тие ќе учествуваат во нападот од јужната страна и ќе „обезбедат успех на операцијата“ која се заостри во исклучително густо населено подрачје.
Да потсетиме, Либиската народна армија на 4-ти април започна голем напад на либискиот град Триполи кој заедно со мала територија западно до градот е под контрола на меѓународно признатата влада.
После почетниот успех и преземањето на контролата над аеродромот и неколкуј предградија на Триполи, силите на владата од Триполи и нивните поддржувачи успеаа да се консолидираат и да пружат силен отпор, по што силите на Хафтар деновиве биле принудени да се повлечат неколку километри.
Притоа, важно е да се напомене дека владата од Триполи покрај Обединетите нации, ја поддржуваат неколку западни сили, пред се Италија, но и Велика Британија и САД, додека зад генералот Хафтар стојат Египет, Обединетите Арапски Емирати, Франција и Русија.