Свет 23. јуни 2018. / 10:24

Генералниот секретар на ОН ја осуди офанзивата на сириската армија

Генералниот секретар на ОН ја осуди офанзивата на сириската армија

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш повика на итен преки на судирите на југозападот на Сирија.

– Нападите доведоа до расселување на неколку илјади лица, повеќе од кои се упатија кон границата со Јордан. Генералниот секретар е загрижен и поради опасноста по регионалната безбедност, соопштија Обединетите Нации.

Сириската армија ги напаѓа позициите на бунтовничките сили во овој дел на земјата. Осуда на сириската офанзива дојде и од Соединетите Американски Држави.