Свет 15. март 2019. / 14:16

Генералниот секретар на НАТО остро ги осуди нападите на Нов Зеланд

Генералниот секретар на НАТО остро ги осуди нападите на Нов Зеланд

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска остро ги осуди нападите во двете џамии на Нов Зеланд, при кои, според последните податоци, загинаа 49 лица.

 НАТО стои зад нашите пријатели и партнери од Нов Зеланд во одбраната на отвореното општество и заштитата на заедничките вредности, порача Столтенберг на Твитер.

Првиот човек на НАТО изрази сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на загинатите и повредните во терористичките напади, што се случија во новозеландскиот град Крајстчрч.