Генералниот директор на компанијата БиоЕнТех која заедно со Пфизир разви вакцина достапна за на пазарот по вчерашната одлука на британските власти верува дека во наредниот период доволни количини на оваа вакцина може да бидат достапни во сите региони во светот.
Сахин во ексклузивно интервју за СиЕнЕн кажа како се надева дека следната зима ќе бидеме многу поблиску до оние кои сме се навикнале. Тој се надева дека имаат ефикасна вакцина против коорна.
Британското одобрување за користење на оваа вакцина директорот на БиоЕнТех го оцени како важен пресврт.
– Ова е вавистина важен пресврт. Веруваме дека конечно е почетокот на крајот на пандемијата. Британија е првата држава која ни овозможи авторизација, а следуваат други држави. Но, како и да е, ова е добар почеток, кажа Сахин.